Ербас А320 со над 230 патници принудно слетал на рускиот меѓународен аеродром Жуковски, рече портпаролот на рускиот министер за вонредни ситуации.
„Моторот се запалил при полетување. По итното слетување, авионот е тргнат од пистата“, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.
Според досега достапните информации, пожарот на моторот од авионот довел до принудно слетување. Пожарот настанал кога птица влетала во еден од млазните мотори на авионот.
Компанијата „Урал Ерлајнс“ соопшти дека нејзиниот авион полетал од Москва за Симферопол кога птици влетале во моторот како и дека во инцидентот никој од патниците не е повреден.
„Дојде до принудно слетување на Жуковски. Птици влетаа во двата мотори. Моторите се угасија, посадата изврши слетување на километар од пистата, соопшти Сергеј Скуратов, генерален директор на Урал Ерлајнс.
Тој додаде дека слетувањето е извршено адекватно, дека огнот не го зафатил авионот и дека сите патници се евакуирани. На самото место дошле 20 екипи на итната помош и се ангажирани и 2 хеликоптери.
Во авионот биле 234 лица, вклучувајќи и 7 членови на посадата. Според првичните податоци, 10 лица, вклучувајќи и три деца, повредени во инцидентот, подоцна се пренесени во болница.
Прес службата спомена дека сите патници се евакуирани од авионот, додавајќи дека за гаснењето на пожарот се користени итните единици на аеродромот. Околностите на принудното слетување и натаму се истражуваат.
https://youtu.be/s1VaUxbCj8Q