Август е ливче од календарот со моето име.
Август е во топлите зраци , што ме будат секое утро.
Август е сликарот на морските брегови. Месецот кој слика нови хоризонти.
Август е во мирисот на нешто слатко, вкусно и пријатно. Нешто што изгледа како зрел плод . Август се чувствува во мирисот на свежо печената пита од малина.
Август е нежното оганче во моите очи. Август е лудиот танц на летото, топлите денови и ноќи.
Август е во коцките мраз , кои треперат во чашка “Мохито”. Во солените капки по моето тело. Во чадорчето на најстудениот коктел.
Август е во прекрасните морски зајдисонца . Во долгите разговори под ѕвезденото небо, во мистичната месечина и во малите светулки.
Август е во тивката радост и во насмевката на детето.
Август е во сината боја на небото. Во сината боја на морето и бојата на ноќта.
Август е во страсвениот танц на деновите.
Август всушност е љубов!
Автор: Д. Тодорова