Денес да прашате некој да го визуелизира Авганистан, првите слики што доаѓаат на ум е земја растргната од војни и под контрола на Талибанците. Меѓутоа, имаше едно време кога во земјата владееше мир и, барем наизглед, општа добросостојба.
Денес никој брачен пар не би се дрзнал да го посетува Авганистан, освен ако не се љубители на адреналинот на војната и блиските средби со смртта. Но во 1967 година, професорот Бил Подлич не само што заминал да предава на универзитетот во Кабул, туку со себе го понел и целото семејство – сопругата и двете ќерки, тогаш тинејџерки.
Кога не бил професор, Подлич се бавел со фотографија, а објективот не го одморил ни додека живеел во Авганистан. Тоа што го уловил на фотографиите тој го опишува како либерална земја со „западњачки“ животен стил. Насмеани момчиња, девојчиња на часови во училници, жени со кратки здолништа во топлите денови, и семејства што едноставно уживале во меѓусебната дружба.
За жал, оваа вистинска позитивна атмосфера една декада подоцна комплетно се промени. Авганистан беше вовлечен во војна, беше нападнат, и стана земја покорена од Талибанците.
„Кога гледам во фотографиите на татко ми, го паметам Авганистан како земја со илјадници години историја и култура“, вели Пег, една од ќерките на професорот, која учела во Американската интернационална школа во Кабул. „Беше ужасно тешко да гледам и слушам за огромното страдање што се случи во Авганистан во војните во овие скоро 40 години. Непоправливо гордите, а сепак забавни и прекрасни луѓе беа згазени од ужасни сили. Денес среќните времиња продолжуваат да живеат само во фотографиите“.