Една од главните причини за успехот на ‘Аватар’ беше 3D технологијта. Но што ќе речете на 4D? На кореанците изгледа не им е доволен ‘Аватар’ во 3D, па сега тие сакаат да го гледааат во четири димензии.
Една од главните причини за успехот на ‘Аватар’ беше 3D технологијта. Но што ќе речете на 4D? На кореанците изгледа не им е доволен ‘Аватар’ во 3D, па сега тие сакаат да го гледааат во четири димензии.
На 4D проекциите на ‘Аватар’ се додадени уште дополнителни 30 ефекти, вклучувајќи ги подвижните седишта, мириси на експлозии, вода што прска, ласерски светла и вештачки ветер. И покрај големата цена на влезниците (просечна влезница чини околу 6.90 долари, додека за 4D проекциите – 15.80), тие се секогаш однапред распродадени. „Почнавме да се подготвуваме за ‘Аватар’ во 4D минатото лето.“ вели Том Ох, одговорниот на 20th Century Fox Korea.
Меѓутоа 4D киното не е нешто ново за Кореанците. Водечкиот синџир од кино сали во Кореа, CJ-CGV, почна да прикажува филмови во 4D минатата година во една од кино салите со 88 седишта почнувајќи со филмот „Патување до центарот на Земјата“, но со успехот на ‘Аватар’ CJ-CGV решија да се прошират. 10 филмови беа прикажани со 4D ефекти дизајнирани од 4D програмерите на CJ-CGV минатата година. „Не постои 4D кино како нашето во светот. CJ-CGV киното е прво во светот кое нуди комплетно искуство за сите пет сетила, “ вели Kim Daehee, оговорниот за односи со јавност од компанијата CJ-CGV. [‘Avatar’ goes 4D in Korea]