Авантурите на Шинед О’Конор: Премина во ислам, а сега мрази и белци

Откако неодамна некогаш култната пејачка Шинед О’Конор ги изненади (условно речено, веројатно се навикнати) фановите со веста дека преминува во ислам и ќе се прекрсти во Шухада Давит, сега повторно ја шокира (повторно условно речено) јавноста.

https://twitter.com/MagdaDavitt77/status/1053340513871384576

Ако преминувањето во ислам можеше да се смета за нејзина лична работа, под услов да не беше објавено со заклучок дека „исламот е природна дестинација за секој интелигентен теолог (или трагач по вистината)“, и „дека сите други списи се излишни“, овој најновиов твит дефинитивно не може да се оправда со таков аргумент, бидејќи се однесува на цела една раса.

„Ужасно ми е жал. Тоа што ќе го речам е толку расистичко што никогаш не мислив дека мојата душа еден ден ќе го почувствува. Но вистина е, веќе никогаш не сакам да поминам ни минута со бели луѓе (ако тоа е изразот за немуслимани). Тие се одвратни.“

https://twitter.com/MagdaDavitt77/status/1059747609655627776

Да го кажеше Шухида ова за црнците или муслиманите, сигурно инстантно ќе добиеше смртни закани (кои се стандард на социјалните мрежи и се добиваат и за многу поситни прекршоци). А вака, некои беа и повеќе од фини во „критиката“.

„Не мораш да се извинуваш за она што го чувствуваш. Но сепак, обиди се да запаметиш дека постои добро и зло во секој дел од животот, без обзир на етничка припадност, религија, сексуална ориентација. Се надевам дека ќе најдеш мир без омраза кон другите, бидејќи од неа потекнуваат сите проблеми“, вели еден од коментарите.

„Не секоја личност што не е муслиман ќе се однесува лошо со тебе, исто како што не секој муслиман ќе се однесува добро со тебе. Јас преминав во ислам пред 22 години и доживеав бројни предрасуди од муслимани кои имаат силно заостанати погледи на преобратените“, вели друг.

„Wow. Стрпа цела една раса во иста категорија. Мислев дека си подобра од тоа. До неодамна те фалев. Сега сум разочаран“, вели трет.

 

- Реклама -