Авантуристи се спуштија во активен вулкан (видео)

вулканФилмскиот работник и вулканолог од Нов Зеланд, Џеф Макли предводеше експедиција што направи снимки на самиот кратер од еден активен вулкан во Јужниот Пацифик, на островот Амбрим.

Филмскиот работник и вулканолог од Нов Зеланд, Џеф Макли предводеше експедиција што направи снимки на самиот кратер од еден активен вулкан во Јужниот Пацифик, на островот Амбрим.

И сето ова веројатно ќе се претвореше во човечка жртва, доколку Дру Бристол не се спуштеше непосредно до лавата во кратерот, облечен во костим од азбест за термичка заштита. Идејата зад проектот е за првпат во историјата на филмот да се направат снимки од активен вулкан, од најмалата можна оддалеченост. Снимателот и идеен творец на проектот, Џеф Макли, рекол оти човечкиот фактор е поставен во кадарот за да се добие на драматика и за подобра перспектива.

Овој кус извадок од филмот многу бргу стана сензација на интернет, а сега можете и сами да погледнете зошто:
{youtube}IAxj2ob_JoU{/youtube}

- Реклама -