Старлетата Ава Карабатиќ, која ја запознавме на шоуто „Преживеан“, „Големиот брат“ и бројните гафови, верувале или не, решила да напише книга и тоа автобиографска.
Таа на фановите на Фејсбук им го претстави воведот на делото кое ќе се вика „Родена со волци“.
„Ексклузивно за вас, мои фанови и пријатели, ви го претставувам воведниот дел од мојата книга „Родена со волци“. Покрај многуте обврски, учење, настапи, секој ден одвојувам време и за пишување на мојата автобиографија, напиша Ава.
Вовед
„ Ти благодарам мамо што ме научи да бидам своја, ранлива но никогаш скршена. Ти благодарам што моите маани ги претвори во доблести и што ме научи повеќе да го почитувам неуспехот од успехот, кога е тешко да се насмевнам и да завземам став на победничка.“
Родена меѓу волците
Родена надвор од времето на погрешно место, а повторно на вистинското место. Родена да се бори, да не се откажува и да покаже која е кога сите мислат дека нешто добиле со лажна победа. Родена меѓу волци, кои сакаат да кинат додека им излегува пена од устата. Која слика, нормално драги мои, по некоја стилска фигура е добредојдена. Претпоставувам разбравте кои се животните.
Сите сакаат да зададат болка, да гризаат, да те соголат до кожа, да те ранат каде што најмногу боли, таму каде што заздравување нема…нема. Да им се пружи можност, така од ден на ден, во чопор се посилни, кога се сами, немаат сила да испуштат глас, а не па цел збор.
Ќе ги забодат забите. СТОП. Таа е поголема ѕверка од нив, ѕвер што успева да се бори за својот опстанок. Тие кршат, таа гледа со очи на мачка, тие околу неа се обидуваат од сите страни, нокаути, удари, а таа гледа со очи на лавица. Преживеала и каменување, но секој пат воскреснувала. Урлаат, викаат, ги виткаат опашките, како во филм. А Ава ги гледа со очи на срна…