Кога аутистите избегнуваат контакт со очите, не значи дека тие се незаинтересирани. Всушност, тоа е начин да се задржи вниманието на задачата што се изведува.
Хајди Вормер, позната по името Ремров, уметник и експерт за аутизам, и самата со аутизам, има исклучителни способности. Taa од Холандија, направила поучно видео за тоа зошто таа и другите луѓе со оваа дијагноза не одговараат на контактот со очите кога разговараат со други луѓе.
Постојат неколку различни причини, вели таа. За неа тоа е „неприродно“, и тешко ѝ е да одреди колку долго треба некого да гледа во очи. Кога сето тоа ќе се сумира, гледањето во очи станува чкрапало за некој вид преоптоварување, па станува проблем фокусот да остане врз содржината на разговорот.
Кога би разговарала со некого и би го гледала во очите, би го изгубила сето она што е дел од приказната – вели таа.
Во една студија од 2013 година што беше спроведена меѓу децата со и без аутизам беше откриено дека е поверојатно дека кај децата со аутизам ќе се јави намалување на способноста за контрола на движењето на очите. Друга студија, од 2005 година покажала дека погледот кај луѓето од спротивната страна предизвикува „реакција на закана“ кај лицата со аутизам, што е уште една причина зошто контактот со очите може да претставува предизвик за нив.