Судските извршители и денеска продолжија со запленување на имотот на Аца Лукас. Денеска му бил одземен клавир од марката „Корг“. По мебелот кој му е запленет, на Лукас му е одземен и вредниот неколку стотини илјади динари инструмет за долгот од 285 илјади евра за издавање на меница без покритие.
Во текот на месецот запленетиот имот е проценет и продаден за повеќе од милион динари со што е покриен само дел од судските трошоци за повеќемесечниот процес.