Популарниот пејач има нов бизнис- произведува маици кои се дизајнирани според негова замисла и изгледаат токму како оние кои ги носи на концертите.
– Секој пат по моите настапи се враќам дома полугол, само во панталони. На луѓето едноставно им се допаѓа мојот стил на облекување и секогаш ми довикуваат од публиката: „Ацо, фрли ја маичката!“. И што можам друго да направам освен што ќе се соблечам и ќе им ја фрлам на луѓето. И така со години. Жената не можеше веќе да се изнакупува маици и едно утро рече: „Човеку, вака веќе не иде“- кажува Аца како спонтани влегол во светот на модата и направил свој бренд.
Иако со музика се занимава професионално веќе 30 години, од своите шеснаесетти години, популарниот фолк рок музичар се обидувал и во други полиња.
Неколку години држел сплав, а се обидел и со фудбалот, неговата најголема љубов, па минатата година бил претседател на ФК Тимок од Заечар. Моментално пишува роман за својот бурен живот.
– Бидејќи не сум дизајнер, ангажирав професионални креатори да ги осмислат моделите кои наликуваат на она што сакам да го носам и приватно и на сцена. Мојата сопруга Соња има природен талент да го препознае убавото и таа ги одбра овие луѓе кои ќе ја креираат облеката со моето име- вели Лукас. Маиците нема да бидат во слободна продажба, туку ќе можат да се купат само преку „Лукас шоп“, на неговиот нов интерактивен портал. Својот нов бренд, Лукас ќе го промовира на настапот во Белград.