Атрактивните луѓе се посебични

луѓеСпоред ново истражување луѓето кои имаат симетрични лица – кои за повеќето луѓе се поатрактивни – се значително посебични од останатите луѓе. Истражувачите откриле дека има помали шанси тие да соработуваат за стремежот кон општото добро и дека порадо ќе се грижат за себе.

За студијата на учесниците им бил даден избор да бидат „гулаб“ и да соработуваат со други за заеднички придобивки, или да станат „јастреб“. Јастребите имале шанса за поголема придобвика ако другите учесници решат да бидат гулаби. Потоа научниците ги анализирале лицата на учесниците и откриле дека оние со посиметрични лица почесто се решавале да бидат јастреби. Тимот ги проучил лицата на 292 луѓе на возраст од 83 години кои учествувале во Lothian Birth Cohort 1921, студија која ги следела учесниците во целиот живот.

Тие анализирале 15 карактеристики на лицата, како позицијата на очите, носот, устата и ушите и успеале да ја споредат симетријата на лицата на учесниците. Оние со асиметрични лица имале послабо здравје и поголеми шанси за несреќно детство. Истражувачите заклчиле дека фактори како недоволна искрана, болест, изложеност на чад од цигари и загадување оставиле свој белег.

Дури и оние кои го надминале проблематичното детство и оствариле успех не можеле да избегаат од знаците. Длабоки линии и постара кожа биле инстантни показатели за нивните тешки животи. Според студијата: „Луѓето со симетрични лица најчесто имаат подобро здравје и се поатрактивни, тие иста така се поснаодливи и имаат помалку причини за соработка и барање помош од други.“

„Низ природна селекција во тек на илјадници години, овие карактеристики продолжиле се до денешниот ден.“ Професорот Јан Дири, од одделот за психологија од Универзитетот од Единбург изјавил: „Симетрија на лицето е најверојатно маркер за таканаречената развојна стабилност: способноста на телото за толерирање на стрес фактори од животната средина и да продолжи по својот развоен пат.“

„Се прашувавме дали симетријата на лицето ќе биде изменета од стрес факторите во раниот живот, за кои мислевме дека би можеле да бидат особено важни, или вкупниот акумилиран ефект на стрес факторите. Резултатите посочуваат кон тоа дека проблемите во раниот живот оставаат трага врз лицето.“ Иако имало силна врска помеѓу социјалната класа и симетријата на лицето кај мажите, врската кај жените не била толку јасна. Истражувачите сега планираат да видат дали симетријата на лицето би можела да биде употребена за идентификација на оние кои имаат зголемен ризик од болести. [Beautiful people are more selfish and don’t make good life partners, says study]

- Реклама -