Атомскиот часовник Фарао ќе оди во Вселената во 2016 година

Ултрапрецизниот атомски часовник Фарао, направен на начин што на 300 милиони години доцни само една секунда, испорачан е на Евроспката вселенска агенција, а во Меѓународниата вселенска станица (ISS) од земјата оддалечена околу 400 километри, ќе биде испратен во 2016 година, соопшти Националниот центар за вселенски истражувања (Cnes).

Часовникот „со досега незабележана прецизност“ ќе овозможи тестирање на принципите на Ајнштајн за теоријата за релативитет, се наведува во соопштението од Cnes. Фарао е часовник изработен со ласерско ладење на атомите со цезиум.

Функционира врз база цезиум кој користи електромагнетско зрачење, а тоа настанува кај преминот меѓу две хиперфини нивоа на основана состојба на атом цезиум – 133 на температура од 0 келвини.

Прочитајте и:  Загриженост поради изгледот на астронаутката заглавена во вселената

И Фарао, во согласност со правилата на агенцијата Aces (Atomic Clock Ensemble in Space), ќе биде спореден со другите атомски часовници кои се наоѓаат ширум светот и функционираат врз основа на другите видови атоми.

- Реклама -