Атлетичарот Оскар Писторијус, кој трча со помош на карбонски патерици, кои имаат функција на протези, е уапсен под сомнение дека ја усмртил својата девојка, 30-годишната Рива Стинкамп, за која мислел дека е провалник.
Трагедијата се случила околу 4 часот наутро по локално време во Преторија, кога несреќната девојка сакала да го изненади Писторијус за денот на вљубените.
Јужноафриканскиот атлетичар, спрема првичните информации, помислил дека станува збор за провалник, и затоа пукал. Девојката е повеќе пати погодена во главата, градите и рамената, а брзата помош која пристигнала на лице место не можела никако да ја спречи трагедијата.
Писторијус е набрзо уапсен и би требало да се појави пред судот во текот на денот.
26-годишниот Оскар Писторијус станал атлетичар и покрај тоа што уште на првиот роденден тој останал без двете нозе, бидејќи е роден без главната ножна коска, фибула. Веќе на 11 му биле вградени специјални протези со чија помош се движел, но сепак тој, со текот на времето, прерасна во врвен спортист.
Минатото лето тој стана прв атлетичар кој ги обедини настапите на Параолимписките и Олимписките игри, а во Лондон трчаше во полуфиналето на 400 метра.