Атлантида најдена во Јужна Шпанија?

АтлантидаИстражувачки тим предводен од американски научници тврди дека најпосле го лоцирале изгубениот град Атлантида. Тие велат дека градот кој според легендата бил уништен од цунами пред илјадници години се наоѓал во јужниот дел на Пиринејскиот полуостров.
 

Атлантида„Ова е моќта на цунамито“ изјавил предводникот на тимот Ричард Фреунд. „Едноставно е тешко да се разбере како може да избрише сè дури и на 100 километри од брегот, бидејќи такво нешто се случило тука“ додал тој. За да ја реши старата мистерија тимот користел сателитски фотографии од локација на која се сомневале дека постои потонат град и ја нашле локацијата која се наоѓа северно од Кадиз, Шпанија. Тие веруваат дека таму го нашле античкиот град Атлантида, закопан под мочуриштата во Паркот Дона Ана.
АтлантидаТимот од археолози и геолози во 2009 и 2010 користеле комбинација од неколку техники за да ја анализираат локацијата. Откривањето на серија „меморијални градови“, изградени во ист стил како Атлантида од страна на оние кои го преживеале цунамито, во централна Шпанија им дало дополнителна самодоверба и докази на истражувачите. „Жителите на Атлантида кои не умреле во цунамито избегале далеку од брегот и ги изградиле овие нови градови“ додал Фреунд. И иако е тешко да се знае со сигурност дали локацијата во Шпанија е навистина Атлантида, Фреунд вели дека откривањето на меморијалните градови му влева доверба дека Атлантида била закопана во калта во јужна Шпанија.

Грчкиот филозоф Платон пишувал за Атлантида пред околу 2400 години, опишувајќи го како „остров кој се наоѓа пред протокот кој вие го нарекувате Столбовите на Херкулес“, античкото името за Гибралтарскиот Проток. Користејќи го деталниот опис на Платон како мапа, досегашните потраги се фокусирале на Средоземното Море и Атлантскиот Океан како најдобри можни локации за градот. Експертите планираат дополнителни ископувања на локацијата каде што веруваат дека се наоѓа Атлантида и кај мистериозните градови во централна шпанија кои се одалечени околу 240 километри за подетално да ги проучат геолошките формации и да ја одредат староста на артефактите. [Lost city of Atlantis, swamped by tsunami, may be found]

- Реклама -