Атина и официјално го претстави споменикот на Александар Велики, ама не како војсководец и освојувач

ФОТО: EPA

Денеска во Атина, во присуство на атинскиот градоначалник Јоргос Каминис, и официјално беше претставена новопоставената бронзена статуа на Александар Велики.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на градоначалникот, оваа статуа на Александар и неговиот коњ Букефал е уникат, од аспект на тоа што го прикажува Александар во своите тинејџерски години, а не во улога на воин или освојувач, пренесува Greek Reporter.

„Се работи за статуа без милитаристички симболизам“, порачал Каминис на малата церемонија, истакнувајќи, меѓу другото, и дека поставувањето на споменикот нема никаква врска со спорот за името со „северниот сосед на Грција“.

„Одлуката за поставување е донесена во 2015 година. Се работи за пример на едноставно доцнење во грчката бирократија“, истакнал тој.

Повеќе детали за статуата, ТУКА.

- Реклама -