Атиџе – последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, чија приказна преку „Медена земја“ ја воодушеви и американската филмска академија и за првпат во историјата на Оскарите му донесе две номинации на еден документарен филм, е подготвена за Америка. Со нетрпение очекува да биде поканета на доделувањето на Оскарите, бидејќи е убедена дека „Медена земја“ ќе добие (барем една) статуетка. Го чувствува тоа во воздухот, вели Атиџе во разговорот со „А1он“ (кој ќе биде објавен денеска во 12 часот), а во кој открива и дека веќе има подготвено песна која би сакала да ја запее на доделувањето.