Американските и руските астрономи откриле нов голем астероид, кој би можел да биде потенцијално опасен за Земјата. Ваквото тврдење е објавено од страна на сајтот Minor Planet.
Првиот нов објект бил забележан на 8 март од американските учесници во проектот „Каталина”, потоа сепак научниците го загубиле неговото следење. На 24 март сепак астероидот бил повторно забележан, но овој пат од рускиот астроном Леонид Еленин, кој користел автоматизиран телескоп во опсерваторијата во државата Њу Мексико, за да го пронајдат.
Објектот е категоризиран како потенцијално опасен, бидејќи минималното растојание меѓу неговата орбита и онаа на Земјата е 2,3 милиони километри. Астероидот ER49 е доволно голем, со тоа што неговиот дијаметар е околу 700-750 метри. Според научниците, ако тој падне на Земјата, ќе успее да уништи една релативно голема земја.
И покрај сето ова, сепак објектот не е директна туку само потенцијална закана за нашата планета, велат експертите.