Астероид ќе мине помеѓу Земјата и Месечината

астероидВо наредните седум дена, Земјата нема да биде уништена. Но астероид широк околу 400 метри ќе мине блиску до нашата планета. Астероид 2005 YU55 ќе прелета помеѓу Земјата и Месечината, поминувајќи на околу 324,604 километри од Земјата. Дон Јеоманс, Менаџер во Near-Earth Object Program Office од Jet Propulsion Labarotory при NASA, изјавил: „YU55 не претставува закана за Земјата во наредните, минимум, 100 години.

„За време на најблиското разминување, неговите гравитациони ефекти врз Земјата ќе бидат толку мали што се речиси немерливи. Нема да има никакво влијание врз плимата и осеката или било што.“ NASA троши стотици милиони долари за лансирање на летала како Dawn (кое неодамна прелета крај астероидот Веста и ќе го посети најголемиот астероид, Церес, за четири години) и Розета мисијата која го проучувала астероидот Лутеција. Овој пат, YU55 доаѓа кај нас. И бидејќи не сме ограничени од сумата потребна за лансирање на големи инструменти поставени на летала, можеме да ги употребиме нашите најдобри телескопи за да го проучуваме.
Иако и претходно астероиди минувале олку блиску до Земјата, „Немавме претходно знаење и технологија за да ја искористиме шансата“ изјавила Барбара Вилсон, научник во JPL. Веќе неколку години знаеме дека YU55 ќе помине крај Земјата со што научниците имале шанса да ги рафинираат орбиталните пресметки и да се подготват најдобрите телескопи за да го видат. Научниците на NASA очекуваат да постигнат резолуција од 4 метри. „Зборуваме за детали за какви што научниците сонуваат кога летало прелетува крај едно од овие небески тела“ додал Ленс Бенер, исто така од JPL.
Со таква резолуција, астрономите од JPL очекуваат да видат камења и кратери на површината. Исто така тие очекуваат дека податоците собрани од Голдстоун, Аресибо и оптичките и инфрацрвени телескопи поставени на Земјата ќе го откријат минералниот состав на астероидот.  „Ова е C-тип астероид, и за нив се мисли дека се остатоци од првите материјали од кои настанал нашиот сончев систем“ додала Вилсон. „Овој прелет ќе биде одлична можност за тестирање на начинот на кој ги проучуваме и документираме астероидите кои би биле најпогодни за идна човечка мисија.“ [Stargazing: No Armageddon, but asteroid will come close]

Прочитајте и:  На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани
- Реклама -