Asetek го создале првото течно ладење за лаптопи (видео)

течно ладењеТечностите се многу подобри од воздухот во трансфер на топлина од едно место на друго, како на пример од активен процесор до било кое друго место. Токму поради оваа причина компјутерите со воздушно ладење имаат потреба од неколку вентилатори. Единствената друга опција е користење на компактен систем за течно ладење.

Чудно е што никој до сега не ја употребил компактноста на системите за течно ладење во лаптоп. Asetek составиле прототип систем за Alienware M18x гејминг лаптоп. Лаптопот е опремен со Intel Core i7 со 3.5 Ghz како и две AMD Radeon HD 6990M графички процесори. Повеќето лаптопи со овие спецификации имаат два или три посебни системи за ладење со вентилатор за централниот процесор и секој графички процесор.

{youtube}pz4a1RukOzA{/youtube}

Тоа не е многу ефикасен метод за ладење, бидејќи покрај справувањето со повеќе системи тоа значи и дека ако ги користите само графичките процесори а не централниот процесор (или обратно) губите голем потенцијал за ладење. Решението до кое дошле Asetek е создавање на еден систем за течно ладење кој циркулира низ сите делови на лаптопот на кои им е потребно активно ладење.

Просторно гледано ова е далеку поефикасен систем и ладењето е позначајно и поефикасно од вентилатори, до тој степен што лаптопот може да биде оверклокуван без да биде претворен во куп стопена пластика и силикон. Во тестовите перформансите биле зголемени од 18 до 23 проценти во сите категории, при што вентилаторот на системот за ладење работел побавно и потивко.

И покрај тоа што овој систем е релативно компактен, тој сепак ќе може да биде вградуван само во поголемите лаптопи кои најчесто се токму оние на кои им е потребно подобрено ладење. Системот е сè уште прототип и Asetek сè уште немаат соопштено кога истиот би бил пуштен во продажба и дали истиот ќе може да биде инсталиран во постоечки лаптопи. [Asetek brings liquid cooling to laptops]

- Реклама -