Кога Шведскиот авантуристички тим на „Team Peak Performance“, зазема дел од Светското првенство и притоа мораше да влезе во Амазонската прашума, очекувано беше дека ќе видат богат животински свет.
Но, ниту еден од нив не се надеваше дека ќе наидат на куче – скитник, кое ќе им се придружи на остатокот од патувањето долго 692 километри. Имено, кратко време откако четворицата авантуристи седнале да вечераат, им се придружил овој симпатичен пес, подоцна именуван во Артур, кој за кратко време ги освоил нивните срца.
Иако на самиот почеток тие сакале да го намамат со парчиња месо да го продолжи неговиот пат во друг правец, сепак, по извесно време се помириле со тоа дека нема „бегање“ од новиот пријател.
Така, минувајќи низ сите препреки кои со себе ги носел патот, ова куче ја завршило трката заедно со неговите нови сопственици.
На самиот крај тоа било однесено на ветеринар, по што го продолжило својот пат во Шведска заедно со четворицата авантуристи.