Луј Витон-правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија. Судијката од апелациониот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Судијката Мери Дика призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за сè што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, Италија. Имајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски, кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, нималку не се сомневаме дека тоа биле огромни суми пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски – Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“.
Здобиените пари од повратот му ги дала на Бојан Јовановски, имајќи предвид, како што реков, дека троши огромни суми пари за својот луксузен стил на облекување. Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно нема сметки со легално легнати пари?
Со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.