Младиот голман на Беласица, Дени Илиев, реализираше трансфер од соништата откако денеска и официјално го стави својот потпис на тригодишниот договор со Арсенал.
Англискиот гигант повеќе од една година ги следеше настапите на 17-годишниот чувар на мрежата на струмичкиот тим, којшто успеа да ги придобие симпатиите на Арсен Венгер.
Илиев во јуни беше на десетдневна проба во Лондон, за месецов повторно да замине во британската престолнина. И за време на последните тренинзи со лондонскиот клуб македонскиот голман ги импресионирал членовите на стручниот штаб на „Топчиите“, по што Арсен Венгер решил да му понуди договор.
„Пресреќен сум што потпишав договор за гигант каков што е Арсенал. Ова е шанса што се добива еднаш во животот и можам да кажам дека ќе дадам сè од себе за да ја оправдам довербата“ изјави Илиев веднаш по потпишувањето на договорот со „Топчиите“.
{youtube}_r3nTxhHWFk{/youtube}