Мразот на Северниот Пол е критичен индикатор за климатска промена кој покажува се потопол свет. Количината мраз во Арктичкиот Океан се смалил до рекордно ниско ниво.
Мразот на Северниот Пол во неделата бил само 3,4 милиони километри квадратни. Тоа е 18 проценти помала површина од 4,1 милион километар квадратен во 2007, според податоците на Националниот Дата Центар за Снег и Мраз во Болдер, Колорадо, САД. Овој центар има податоци базирани на сателитски набљудувања уште од 1979 година.
„Ова е кршење на рекорд кој скрши рекорд“ рекол Валт Мејер од дата центарот. Морскиот мраз во 2007 се намалил за 22 проценти во однос на претходниот рекорд од 2005 година. Мразот на Северниот Пол се топи во лето и се шири во зима, и овој понеделник мразот почнал да се шири. Мајер вели дека во осумдесетите морскиот мраз покривал површина малку помала од 48-те држави на САД, сега таа површина е намалена на околу 50 проценти.
Климатските промени го стопиле морскиот мраз и го направиле потенок во последните две децении, но директорот на дата центарот, Марк Серез, вели дека е изненадување што оваа година топењето е поекстремно. „Арктичкиот мраз е еден од најчувствителните природни термометри“ вели Џејсон Бокс, поларен истражувач од Државниот Универзитет во Охајо.
Она што се случува на Арктикот влијае врз климата во остатокот од светот. Мразот во Арктикот „во основа функционира како клима уред кој го разладува светот“ вели Мајер. И кога поголем дел од мразот ќе се стопи, клима уредот веќе не функционира ефикасно. [Arctic sea ice reaches lowest extent for the year and the satellite record]