Сите сме ја чуле приказната за Дедо Ное и неговиот гигантски брод со кој по инструкциите на севишниот Бог, ќе прибере по два примерока од сите животински видови на земјината топка со намена да ги спаси од апокалиптичните поплави кој што тој ќе ги создаде за да го прочисти светот кој е зафатен од неморал, апатија, анархија…
Дали навистина успеал Ное со своите три сина да направи брод долг 140, а висок 15 метри со примитивни дрводелски алатки е работа на индивидуално мислење. Барем според Библијата имал доволно време да го изведе монументалниот проект – околу 100 години.
Во Холандија, во сегашноста, еден друг „визионер“ направи индентична реплика на Ноевата арка. Имено холандскиот милионер Јохан Хујберс го конструира и го отвори за јавноста огромниот брод кој е преставен како музеј откако му се сонило дека неговата земја одново ќе биде поплавена. Мислам дека не треба човек не треба да биде директно поврзан со Бога или пак да има диплома по квантна физика за да сфати дека ова навистина ќе се случи еден ден на земјата која што 21% од својата територија лежи под морското ниво а повеќе од 50% е еден метар над морското ниво.
Меѓутоа, да кажеме малку повеќе за бродот.Мерките за изградбата на огромниот брод се преземени од текстот во библијата во кој е напишано дека бил долг 300 лакти, широк 50, а 30 лакти висок. Лакт е мерка за должина која често се користела низ античкиот период односно лактот до крајот на прстите на испружената дланка. Сè на сè околу 42 сантиметри. Така што бродот на Хјуберс со должина од 140 метри прави околните објекти да изгледаат како макети во споредба со неговата големина.
Материјалот којшто е користен во изградбата се состои од железна конструкција од неколку постари бродови за скелетот и скандинавски бор за дрвената обвивка на бродот. Внатрешноста на бродот е исполнета со многубројни пластични макети на животински видови и со неколку видови на живи птици на кои внатрешноста на бродот им е постојано живеалиште.
Постоеше опција арката да исполови од Холандија и да пристигне во Англија по повод Олимписките игри коишто деновиве се одржуваат во Лондон, меѓутоа низа безбедносни и правни регулативи го спречија ова необично патешествие.
Хјуберс исто така изјави дека му се јавиле поголем број луѓе коишто биле загрижени за пророштвото на Маите коешто го прорекува крајот на светот во декември оваа година. Нивното прашање најчесто гласело дали можат да букираат соба. На овие прашања добивале одговор дека бродот не е чамец за спасување туку преставува музеј. [Modern-Day Noah Opens Doors Of Ark Creation]