Сакале или не, архитектурата што нé опкружува допира до нашите сетила, свесно или несвесно. А колку што знае да разубавува, знае и да груби. Еве неколку такви примери, сметани меѓу најгрдите архитектонски градби на сите времиња.
Библиотека Harold Washington, Чикаго, Илиноис
Лоцирана на 400 S. State Street во Чикаго, оваа зграда е микс од неокласичен стил и игра на стакло и челик. Невкусна игра.
Ryugyong Хотел, Пјонгјанг, Северна Кореја
Недовршениот 105-катен облакодер со пирамидална форма, планиран да биде Ryugyong Hotel, е спомен на амбициите на Владата да го изгради највисокиот хотел во светот.
Elephant Building, Бангкок, Тајланд
Завршена во 1997 година, оваа зграда е една од знаменитостите на градот. Рангирана меѓу најгрозните градби во светот, иако формата – на слон – звучи многу симпатично на хартија.
Телевизиската кула Žižkov, Прага, Чешка
Во главниот град на Чешка можете да се изнагледате прекрасна архитектура. Зградава не е меѓу неа. И да, тоа црните нешта се бебиња што лазат нагоре по кулата.
Bolwoningen Complex, Ден Бош, Холандија
Овој непријатен балоновиден комплекс е изграден како експериментални куќи во холандскиот град Ден Бош, родниот град на Хиеронимус Бос, уметник од 15 век, познат по своите кошмарни слики. Додуша комплексов по малку и потсетува на делата на Бос.
Aldar Headquarters Building, Абу Даби
Лоцирана во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, оваа невообичаена структура е првата тркалезна зграда од ваков вид на Блискиот Исток, но нејзината привлечност е најблаго речено – спорна.
Kaden Tower, Луисвил, Кентаки
И покрај комплексните детали и напорите вложени во украсувањето на оваа зграда во центарот на Луисвил, таа се смета за една од најпознатите грдите во светот.
Mirador Building, Мадрид, Шпанија
Оваа чудна зграда е дизајниран со цел „да се наруши прекумерната монотонија”. Целта очигледно е постигната, ама естетиката е друга тема.
Национална библиотека на Белорусија, Минск
За оваа зграда нема објаснување за формата. За среќа функцијата ѝ е јасна, ама за жал е и меѓу најгрдите во светот.
Landmark Theatre, Девон, Англия
Не, не се нуклеарни реактори, ниту е џиновски бетонски градник. Театар е во Јужна Англија.