Скоро 50 години откако излезе песната, Арета Френклин излезе на сцената на 38-то издание на Kennedy Center Honors (манифестација на која се доделуваат награди за животно дело на артисти заслужни за значајни придонеси за американската култура) и ја изведе (You Make Me Feel Like) A Natural Woman.
Како што единствено и прилега, по интимното отворање со пијаното, следуваше огромна кулминација – легендарната пејачка на средина на сцената, во фокусот на вниманието, со глас кој со ништо не покажа дека ја изгубил моќта. Публиката на нозе, со насолзени очи, импресионирана до максимум. Меѓу нив и Обама лично, кој пушти солза уште по првиот стих.