Archos сака да им конкурира на евтините Android таблети како Nexus 7 и Kindle Fire со нивниот најнов производ – Archos 97 Carbon.
Вчера најавениот таблет е првиот од серија производи од Elements линијата од воведното ниво на компанијата. Тој работи на Android 4.0 познат и како Ice Cream Sandwich. 9,7 инчниот Carbon – исти димензии како и iPad – има дисплеј од 1024×768 пиксели, ARM процесор од 1 гигахерц и 1 гигабајт RAM.
Таблетот нуди две камери, 16 гигабајти вградена меморија (која може да биде зголемена до 32 гигабајти со microSD) и има „стилски алуминиумски“ финиш. „Сакавме да воведеме нова серија која не само што ги комбинира ниската цена и малиот дизајн туку и го содржи најдоброто што Google може да го понуди“ вели Хенри Крохас, основач и претседател на Archos.
„Со Elements серијата ние го постигнавме токму тоа. Тоа е совршениот баланс на хардвер, оптимизиран софтвер и содржина преку Google Play екосистемот.“ Таблетот ќе содржи Office Suite Viewer – за читање документи, но не и нивно променување – како и демо верзија на играта World of Goo. Како и Nexus 7, но за разлика од Kindle Fire која има слична цена, 97 Carbon има целосен пристап до Google Play продавницата и апликациите.
97 Carbon ќе биде достапен до крајот на овој месец за 249,99 долари. Компанијата планира да создаде и 7 и 8 инчен таблет во Elements линијата кои најверојатно ќе бидат уште поевтини. Сè уште нема тест на Archos 97 Carbon па не може да се коментира за квалитетот, но сепак јасно е дека ова е еден од најевтините таблети со голем екран. [Archos 97 carbon Budget Android Tablet – 10in Rival for Nexus 7?]