Мешап жанрот нема многу фнови, главно затоа што често звучи присилено и вештачки. Ама кога е направен како што треба, дефинитивно заслужува внимание.
Овој серијал на Макс Таноне, насловен Mic Check 1234!, некако успеал да ни се провлече незабележан кога бил објавен во 2012, но сега ја исправаме грешката. Комбинира некои од најдобрите и најпознатите рифови на панкот и хардкорот од ’70-тите и ’80-тите, со лириките на некои од најлегендарните рап емсиња. Dead Prez и Sex Pistols, Black Star и The Ramones, Eminem и The Clash, Black Thought и Dead Kennedys, Tupac и X, Nas и Adolescents, Public Enemy и Black Flag – се само дел.