Apple патентираше технологија за блокирање на камерите на концертите

fotkanje[1]

Обожавателите често сакаат да ги снимаат концертите од почеток до крај, по што снимките обично веднаш завршуваат на друштвените мрежи, со што се овозможува увид во шоу-програмата на одредени музички ѕвезди.

За да го спречи ова, компанијата Apple патентираше метод за онеспособување на камерите на ајфоните – било корисниците да се на музички концерт, во кино или на други локации каде што е забрането фотографирање и снимање.

Се работи за „инфраред“ емитер кој се поставува на локацијата и создава сигнали кои ги блокираат камерите. Кога ајфонот ќе прими ваков сигнал и ќе ги декодира податоците, камерата автоматски се блокира, а ако корисникот проба да ја вклучи, екранот ќе стане црн и ќе се појави нотификација која ќе го извести дека камерата е онеспособена и снимањето е забрането, се вели во описот на патентот.

Со оглед на тоа дека е само патент, не се знае кога и дали Apple воопшто ќе ја имплементира таа технологија. Ако тоа се случи, дефинитивно ќе му даде на светот уште малку дистописки шмек.

- Реклама -