Пристигна денот кога фановите на Apple, со нетрение го очекуваат Тим Кук, кој најпосле ќе ги претстави долгоочекуваните нови модели на iPhone.
Гласините говорат дека можеме да се надеваме и на уште неколку новитети како надградена верзија на Apple TV и голем iPad.
Kaко и претходните S модели на телефоните на компнијата, така и дизајнот на iPhone 6S i 6S Plus нема премногу да се разликува од неговите претходници, па најголемите промени ќе се случуваат кај хардверските компоненти, но и на опцијата на препознавање на јачината на допир на екранот. Оваа опција веќе е претставена на паметниот часовник на Apple и на некои модели на лап-топ како Force Touch, а според некои гласини, екранот на iPhone ќе препознава три вида на допири, така што компанијата оваа технологија на телефони (наводно) ќе ја нарече 3D Touch Display.
Освен препознавање на јачината на допирот, екраните на моделите 6S и 6 Plus ќе имаат иста резолуција како и нивните претходници, додека новитетите ќе вклучуваат подобар процесор и повеќе меморија. Задоволни би требало да бидат љубителите на мобилното фотографирање, бидејќи Apple ќе ги подобри и двете камери – резоуцијата на задната камера ќе изнесува 12 MP, a со неа ќе може да се снима и 4K видео, додека резолуцијата на предната камера ќе се зголеми на 5MP, со дополнителен блиц за подобри селфија.
Онлајн преносот ќе започне во 19 часот по наше време, а линкот на кој ќе можете да ги погледнете новостите, побарајте го на страната на Apple.