Силвестер Сталоне на својот Твитер профил објави видео во кое неговиот помлад колега Мајкл Б. Џордан јаде класичен нокаут од професионален боксер.
Инаку, “Creed” е продолжение на “Rocky”, младиот Џордан ја игра улогата на Адонис, додека Сталоне си останува Роки.
Со објавувањето на ова видео Сталоне сака да покаже колку младите глумци се внесуваат во своите улоги и колку безрезервно работат за проектот “Creed” да застане на местото кое го заслужува.
Според критичарите, спортската драма “Creed” е еден од најдобрите филмови за оваа година.