Апликација дава увид во листата на пријатели кои ве избришале од „Фејсбук“

Ако имате можност да дознаете дали кој сè ве избришал од социјалната мрежа, ќе ја искористите ли?

Апликација наречена Who Deleted Me, им дава можност на Facebook корисниците да погледнат кои нивни пријатели ги отстраниле од листата на социјалната мрежа.

Околу 500 000 луѓе се вкупно регистрирани на апликацијата, со тоа што 330 000 од нив се приклучиле само во текот на изминатиот месец.

pril

 

Иако Who Deleted Me започна само пред неполни 30 дена, таа всушност е измислена од 2009 година. Единствениот недостаток е фактот што не можете да видите кој го избришал вашиот профил, пред датумот на кој сте се приклучиле на апликацијата.

- Реклама -