Апликациите кои ја трошат побрзо батеријата на смартфонот

Кога станува збор за издржливоста на батеријата на смартфонот освен да ги следите советите за продолжување на нејзиниот рок добро е да следите и какви апликации користите.

Некои апликации ја трошат батерија, дури и кога не се активирани.

„Многу апликации не ја штедат батеријата на смартфоните, со тоа што користат од расположливата меморија, и ресурси, дури и кога не ги користите“, коментира Дин Контерас од институтот AVG.

Компанијата AVG  анализирала анонимно над еден милион Android-корисници за да стигнат до тоа кои апликации во најголема мера ги исцрпуваат ресурсите на батеријата. Излегува дека во првите пет спаѓаат најпопуларните Facebook, Instagram, и Messenger.

139687_1

Овие апликации користат ресурси дури и кога не се активирани. Изненадувачки е фактот што меѓу најнеповолни за долготрајно користење на смартфонот се и оние за времето.

„Овие мали апликации за предвидувања за времето се меѓу најалчните во однос на батериите, макар и често да се користат само во рамките на неколку секунди дневно”, коментира Контерас.

Експертите препорачуваат за подолг живот на батеријата корисниците да ги избришат апликации кои не им се неопходни. Апликациите за игри не беа тестирани, бидејќи тие се познати по фактот дека  водат до брзо празнење на батеријата. Популарната игра Candy Crush сепак е со најголем потенцијал за брзо празнење на батеријата, поради многуте податоци кои ги собира од корисниците.

- Реклама -