Апелација не сака да ризикува, Боки 13 останува во притвор по две основи

Фото: К. Попов

Апелациониот суд не го прифати барањето на одбраната на првоосомничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски ака. Боки 13, да му биде укината мерката притвор.

Како што објаснуваат од Апелација, Боки 13 ќе остане во истражниот затвор во Шутка иако едниот основ за мерката веќе не постои – можност да влијае врз сведоците, бидејќи истрагата е завршена.

Сепак, Апелација одлучи дека остануваат да важат останатите два услова за мерката притвор, а тоа се опасност од бегство и можност за повторување на делото.

На јавната седница во Апелација, Боки 13 тврдеше дека неговиот добар физички изглед не ја отсликува неговата реална здравствена слика и предупреди дека е во животнозагрозувачка состојба. Тој инсистираше дека тоа што го сака е ја докаже вистината за случајот „Рекет“, но порача дека за такво нешто прво треба да остане жив. Рече дека направил две опepaции на желудникот и дека дошло до лекарска грешка. Тврди дека му е пpeсечен нерв на желудникот и притоа добил повpeда на хранопроводот. Намество да лежи во притвор, треба да биде xocпитализиран, инсистира Боки 13.

 

 

- Реклама -