Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат будни и внимателни при движење и работа во нивите и шумите, да не палат ѓубре, сено и слама, и да избегнуваат фрлање пепел и запалени цигари без претходно гасење. Особено се предупредуваат оние кои ќе престојуваат на излетничките места за време на викендите да не палат огнови, бидејќи недоволно изгаснати огнови може брзо да се прошират и да предизвикаат неповратни штети.
Се советува да не се оставаат стаклени шишиња или други материјали на отворено, кои при подолг престој на сонце може да предизвикаат пожар. Доколку настане пожар предизвикан намерно или од невнимание, сторителите се соочуваат со ригорозни законски санкции, вклучително и затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и последиците.
Секторот за внатрешни работи Тетово презема координирани превентивни мерки за навремено откривање на можните причини за пожари, и планира засилени контролни активности во поширокиот регион.