Нема зошто да се лажеме, во денешните паметни телефони има едно нешто што е супер неизвесно и може да ве предаде во секое време.
Не, тоа не е софтвер камерата или екранот. Станува збор за батеријата која е и еден од најголемите проблеми кои се уште не нашле глобално решение, како што се имплементација на некој вид соларни батерии или нешто слично.
Додека овој проблем се реши, човечката креативност може да најде секакви начини, за да ја закрпи ситуацијата во тежок и критичен момент. Такво е и решението на дизајнерот Тсунг Чи-Хсиен, кој што ги создал овие мали батерии наречени Mini Power. Тие буквално имаат форма на мали апчиња. Со овие картонски капсулки тој победи на конкурсот Red Dot Design Award и на тој начин даде решение на овој проблем.
Биоразградливата конструкција на Тсунг која тој ја предвидува исто така ќе биде достапна за купување во продавници, не вклучува пластика, како и повеќето батерии за еднократна употреба, што не е само подобро за животната средина, туку, исто така заштедува од пакување. Mini Power се супер лесни за употреба. Потребно е само да ја купите капсулата и таа може да ви даде 4 или 6 часа живот на телефонот, што е импресивно, имајќи ги предвид димензиите на вратата.
Генерално оваа идеја не е нешто што не би требало да е пронајдено досега. Во Азија слични нешта се практикуваат многу време, но оние кои се продаваат, не се многу корисни за животната средина, не толку поради литиум-јонските батерии во капсулите, туку поради фактот што истите се направени од пластика. Ова ја прави идејата на Тсунг Чи-Хсиен интересна и иновативна. Сепак, останува проблемот со батериите во капсулите, но според креаторот тие ќе можат еден ден да се рециклираат во истата продавница, каде што сте ги купиле.
Овие мали капсулки се всушност мини батерии кои ќе го спасат вашиот телефон од ненадејна „смрт”.