Апче со кое ќе живееме 120 години

Руските научници открија антиоксиданс кој го одложува процесот на стареење. Иако делува како чиста научна фантастика, научниците охрабруваат дека пилулата против стареење може наскоро да стане реалност.

До сега е тестирана на глувци, стаорци и кучиња. Очекувањата се дека новата пилула ќе им овозможи на луѓето да живеат барем 120 години.

„Многу болести поврзани со стареењето, во текот на истражувањето, се развиваа многу побавно“, вели Максим Скулачев од универзитетот во Москва.

Пилулата ќе ги таргетира митохондриите, кои се одговорни за производство на енергија, но и за почетокот на стареењето.

„Митохондриите се одговорни за срцевите удари, а се поврзуваат и со болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата“, истакнува Скулачев.

Според него, реално е да се очекува дека со малку лекови против стареење, животниот век на луѓето ќе се продолжи до 120 години. Сепак, драстични разлики од типот на животен век од 800 години се невозможни, смета Скулачев.

„Новите лекови не би допринеле за драстично продолжување на животот, туку само би го одложиле процесот на стареење на човечкиот организам“.

- Реклама -