Професорот Димитар Апасиев денеска упати јавен повик до портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов за телевизиски дуел, по навредите кои му ги упати поради наплатените интелектуални правни услуги.
ЈАВЕН ПОВИК ДО ПОРТПАРОЛОТ НА СДС(С)М – КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ЗА ТВ ДУЕЛ!
-„…Ја у живот иам едно принципиелно мото од кое не отстапуем: СТРУКА РАБОТАМ ЗА ПАРИ (оти од тоа живеам и ранам фамилија), А АКТИВИЗАМ ЗА БЕСПАРИ!
У кариерава сум давал висококвалитетни консултантски правни услуги, за кои сум обучен и школуван, на синдикати, здруженија на граѓани, фондации, правни лица и сл. – и секогаш сум наплаќал, оти ја не сум професионален политичар кој живее од апанажи и дневници за службени патувања со швaлepкитe, ниту пак арабаџија за да продаам мyдa за бyбpeзи, туку професор по право кој е меѓу поценетите у фелата и кој „продава“ знаење у кое сум вложил пола живот и пичкљapдa лични финансии за дообразување, кои сум ги немал, и за што ќе ми требаат два живота да ги отплатам (btw, уше враќам кредит за докторатот 😉 Али пошо ти си дипломирал на ФОН кај Фијат Цановски, од кај шо можеш само да паднеш од столче, а не и на испит – џабе ќе ти објаснуем. Па затоа, да преминам на главното…
Сите знаат дека во првите шест месеци по основањето на СЈО бев КОНСУЛТАНТ за цивилно-правни прашања. На нивно барање. Ти си природно глyп да ти објаснуем шо тоа значи, ама еве за пошироката публика: тоа опфаќа изготвување компаративно-правни анализи за законска регулатива на одредена нејасна проблематика; следење и ажурирање на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права; тематски експертски анализи и длабински истражувања за специфични стручни теми од интерес; испитување на граѓанско-правните аспекти на имотната конфискација и предлози за подобрување на т.н. антимафијашко законодавство; концептуално врамување на обвиненија при елементи на т.н. злосторство од омраза; реобмислување на теорискиот уставен концепт на ЈО и неговата положба и статус во правосудниот систем; логографски услуги при јавни презентации и настапи и сл. Има и други занаетчиски работи и финеси, ама имам обврска за чување службена тајна, па не можам сите да ти ги нацртам…“
Целиот статус прочитајте го овде: