Добредојдовте во овој прекрасен апартман кој ќе ве освои, особено припадничките на понежниот пол, со неговата разнобојност и гламур.
Се наоѓа во срцето на Москва, а уреден е со многу парчиња различен мебел во различна боја, а изгледа толку неодоливо што секој би го посакал. Дизајнерот Кирил Истомин го замислил овој апартман за четиричлено семејство во кој уживањето е главна задача. Употребени се многу свежи бои што му даваат ведрина на просторот. Едноставно прекрасно!