Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, кој во петокот објави дека неговата мајка, инаку медицинска сестра, е позитивна на Ковид-19, денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје откако и тој самиот бил позитивен, објави „360 степени“.
Како што пишува порталот, Милошоски е примен со покачена температура, а во моментов неговата состојба е стабилна.
Милошоски, како што самиот објави, имал краток контакт со мајка му на 22 јуни во нивниот дом во Кичево. Поради тоа, по спроведената епидемиолошка анкета, одредена му беше самоизолација до 6 јули.
Милошоски е кандидат за пратеник во петтата изборна единица.