Перо Антиќ првак во Евролигата (видео)

Конечно, и Македонија има кошаркар што може да се пофали дека бил значаен дел од тимот што стигнал до титулата европски првак.

Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ, со Олимпијакос приреди огромно изненадување, успевајќи најпрвин да слави над Барселона, а потоа и над фаворизираната ЦСКА и да го освои толку посакуваниот трофеј од Евролигата.

Иако статистички не делува доминантно, Антиќ ги заслужува сите пофалби бидејќи не само што ги исполни максимално сите задачи што му беа дадени од страна на тренерот Ивковиќ, туку и со своето искуство многу им помогна на помладите кошаркари во својот тим.

{youtube}yAJgPePas9Y{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -