Зошто антидепресивите прекинуваат да дејствуваат?

Не се ретки случаите кога во прво време некој антидепресив добро си ја врши својата функција, но како што месеците или годините поминуваат, неговата функција исчезнува.

Кога таа состојба ќе дојде, станува многу фрустрирачко и за пациентот и за психијатарот. Вистината е дека сè уште не е јасно зошто тоа се случува. За среќа, кај некои индивидуи, дејството на антидепресивот не се менува со текот на времето.

Кога добро ви оди со земањето на антидепресиви (во смисла се подобрува состојбата), многу е нормално да прашате уште колку долго би требало да ги земате. За несреќа, на ова прашање не постои апсолутно точен одговор.

Повеќето клинички психијатри веруваат дека се додека лекот има позитивни ефекти, тој не треба да се прекинува. Ова е особено точно за оние индивидуи кај кои истиот антидепресив делува во текот на многу години.

Една од теориите за тоа зошто антидепресивите престануваат со својата функција вели дека со текот на времето, гените кои што ги произведуваат ензимите кои што пак го регулираат метаболизмот на лекарствата стануваат пререгулирани и соодветно на тоа произведуваат повеќе ензими.

Ако тоа е случај, концентрацијата на антидепресивот во крвта се намалува и неопходно е да се зголеми дозата за да се добие истиот ефект. Некои од пациентите прекинуваат со земањето на антидепресиви кога ќе почувствуваат дека се подобри и потоа симптомите повторно се појавуваат.

При тоа, тие повторно се враќаат на лекарствата. Кај некои луѓе пак, лекарствата еднаш помогнале, додека кај други ефектот не е ист како иницијалниот. Со цел подобро да се третира состојбата, потребно е и воведување на разговор со пациентот и неговото искуство со антидепресивот.

Во тој случај, можно е да се разбере зошто антидепресивот престанал да делува. Иако делува фрустрирачки, антидепресивот да ја загуби својата функција, сепак, може да се најде негова замена која што би ги подобрила симптомите на депресијата.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -