Не ви се допаѓа идејата соседите да ви душкаат по безжичната мрежа за која плаќате секој месец? Додека тие симнуваат филмови од торент со минимална брзина, вие би можеле да ги прегледате нивните постапки.
Не ви се допаѓа идејата соседите да ви душкаат по безжичната мрежа за која плаќате секој месец? Додека тие симнуваат филмови од торент со минимална брзина, вие би можеле да ги прегледате нивните постапки.
Безжичната безбедност и енкрипциските системи секојдневно се мачат со проблеми и несигурност, додека други методи за рестрикција на сигналот за помали места се појавуваат.
Еве едно ново решение: Анти Wi-Fi боја.
Идејата е едноставна: Користење специјална боја на ѕидовите каде не сакате сигналот да помине. Тајната е во мешање на состојки од алуминиум-железо оксид во бојата. Металните состојки ја блокираат фрекфенцијата на Wi-Fi и други радио бранови, така што сигналот нема да помине преку тенкиот слој пигмент. Луѓето однадвор нема да имаат пристап на вашата мрежа како вие одвнатре.
Развиено од Универзитетот во Токио, ова е прва боја која блокира комуникациски бранови и до 100GHz.
Бојата е интересна и за кината и театрите, кои на овој начин ќе можат да ги спречат телефонските повици за време на прикажување.
Сепак, некои не се баш убедени дека ова е најдобар начин да се ограничи сигналот, затоа што и најобичната Wi-Fi акцес точка има покомплексни безбедносни опции. [Anti-wi-fi paint offers security]