Одлуката на FIFA да се одржи Светското првенство во 2022 година во Катар, наидува на се повеќе и повеќе критики, откако во јавноста излегоа обвиненија за експлоатирањето на работниците кои најчесто доаѓаат од посиромашните земји ширум светот. Според досегашните информации 900 работници настрадале при подготовките на градот, а до 2022 година се очекува оваа бројка да порасне на 4000.
Мигрантите кои работат во Катар, најчесто ги предаваат пасошите при влезот во земјата, а за заминување им се потребни дополнителни визи. Поради комплицираните правила, постојат многумина кои се заглавени во системот на земјата.
Инспирирани од маката на обичните работници, голем број дизајнери започнаа да прават илустрации кои на креативен начин ги осудуваат големите компании, и воедно спонзори кои го поддржуваат Светското првенство.