Чинија наречена Anti-Loneliness Ramen Bowl е најновиот пронајдок во светот на дизајнерството.
Називот кој се преведува како анти – осаменост е инспириран од луѓето кои немаат друштво за време на оброкот и токму затоа како идеална активност во истовреме го избираат гледањето видео.
Станува збор за чинија која има специјален простор за поставување на телефонот со цел да го следите омиленото видео, да се фотографирате или да разговарате истовремено јадејќи.
Практичната чинија можете да ја најдете во неколку бои, но дизајнерите не прецизираат за кој модел на телефон е дизајниран просторот, напоменувајќи дека во иднина ќе има чинии за секој гаџет конкретно.
Чинијата е несоодветна за оние кои јадат невнимателно затоа што тоа е закана за нивниот телефон да биде полеан со супа или друго јадење. Сепак, дизајнерите се надеваат на голем број обожаватели и луѓе на кои навистина им е потребен ваков изум.