Останаа уште само две анкети, а овој пат станува збор за номинираните во категоријата најдобра главна женска улога за Оскар 2015 година.
Која е вашиот фаворит?
Овогодинешните Оскари се погрижиле за многу изненадувања, но кој ќе ја добие златната статуетка за најдобра главна женска улога ќе мора да почекаме до 22 февруари за да дознаеме.
1. Марион Котилард (Two Days, One Night)
Одличната оскаровка Марион Котилард е наградена со европскиот Оскар за својата емотивна улога на Сандра во филмот на браќата Дарден. Филмот „Two Days, One Night“ ја следи Сандра, млада жена која има еден викенд за да ги увери своите колеги на работа да се откажат од бонусите со цел таа да ја задржи својата работа. Потресната приказна со оскаровката Марион во насловната улога е за жените кои дивиот капитализам ги тера на очајнички потези.
2. Фелисити Џонс (The Theory of Everything)
Иако филмот „The Theory of Everything“ го носи името според една од најпопуларните книги на Стивен Хопкинг, филмот е снимен според биографијата на неговата сопруга Џејн која со него поминала 30 години во брак. Улогата на Џејн одлично ја отелотвори британската актерка Фелисити Џонс.
3. Џулијан Мур (Still Alice)
Славната актерка ја одигра улогата на Алис Хауланд- среќно мажена жена со три возрасни деца. Таа е реномирана професорка по лингвистика која одеднаш почнува да заборава зборови. Причината за тоа е застрашувачка: Алис е во рана фаза на Алцхајмерова болест. Одеднаш се наоѓа во борба за сопствениот живот обидувајќи се да ја координира својата болест, работа, брак и деца…
4. Розамунд Пике (Gone Girl)
Овој филм е базиран на романот за современата медиумска култура и темната страна на американскиот брак, ветувања на кои не може да им се верува и неизбежните измами. Во режија е легендарниот Дејвид Финчер.
5. Рис Витерспун (Wild)
Рис веќе неколку пати се покажа како врвна актрка. Филмот „Wild“ се основа на вистинска приказна каде ја отелотворува зависничката Шерил која по разводот и смртта на мајка си одлучува да пешачи 1600 километри.
[polldaddy poll=”8649073″]