АНКЕТА Ги поместија своите граници… која е најдобра?

Откако ви ја претставивме категоријата на Оскар за најдобра машка споредна улога, следни се дамите.
И додека минатата недела гласавте во нашата оскаровска анкета за тоа кој би можел да ја добие златната статуетка во категоријата „Најдобра машка споредна улога“ (ваш фаворит е Џ.К. Симонс „Whiplash“), оваа недела својот глас можете да го дадете и за актерката која се истакна во истата категорија- резултатите ќе бидат објавени овој петок.

1. Патриша Аркет


Познатата актерка ја одигра улогата на својот живот во филмот „Boyhood“. Филмот е вистинска револуција во снимањето бидејќи истата екипа била на сет 12 години по ред, каде снимале по една недела.

2. Лаура Дерн


Актерката освои номинација во категoријата на споредна актерка, но и тоа како го одбележа филмот „Wild“, во кој главната улога ја толкува Рис Витерспун. Станува збор за хроника на една неверојатна млада жена која, по тешкиот животен бродолом, одлучила да тргне на 1800 километри долго планинско патување со цел повторно да се најде себе си и на тој начин да го спаси навидум изгубениот живот. Лаура ја толкувала нејзината мајка.

3. Кира Најтли


Филмот „The Imitation Game“ е снимен според историската приказна на Алан Тјуринг, генијалниот британски математичар и информатичар кој за време на Втората светска војна успеал да го декодира шифрираниот комуникациски систем кој нацистите го користеле во меѓусебната комуникација. Кира ја одигра улогата на соработничката на Тјуринг, Џоан Кларк- улога за која доби номинација.

4. Ема Стоун


За улогата во „Birdman“ младата актерка ги собра сите пофалби. „Birdman“ е црна комеција за актер кој го толкуваше Мајкл Китон. Фантастичен е тој сатиричен свет на шоу-бизнисот каде главниот јунак е Риган Томсон (Китон) подготвува театарска претстава на Бродвеј во обид да ја врати својата стара слава. Во деновите пред премиерата се бори со сопственото его и се обидува да го спаси своето семејство, кариера и самиот себе, додека Ема во филмот ја игра неговата ќерка.

5. Мерил Стрип


По 19 номинации за Оскар, славната актрка не престанува да не воодушевува. Овој пат тоа го направи за вештерката во Дизни спектаклот „Into the Woods“. Настаните во филмот се сместени во алтернативниот свет на браќата Грим. Бројните ликови од бајките се сретнуваат истовремено во магична и неверојатно забавна и духовита приказна која, како и секоја вистинска бајка, ги истражува различните последици за исполнување на желбите на ликовите, потсетувајќи нè дека секогаш е корисно добро да се размисли што навистина сакаме и кои се вистинските човечки и животни вредности.

[polldaddy poll=”8612495″]

- Реклама -