Сите ја засакавме како Рејчел во „Пријатели“. Потоа направи неколку добри филмови и еден куп лоши. На крајот Анџелина Џоли ѝ го украде Бред Пит и помисливме дека Џенифер Анистон никогаш нема да ја пронајде својата среќа. Сѐ до сега…
Поминаа повеќе од два месеца откако Џастин Теро ѝ предложи брак на 43 годишната актерка, а таа дури сега реши да се појави во јавност со вереничкиот прстен. И тоа каков прстен!
Среќниот пар, кој беше на викенд во Санта Фе, Њу Мексико, реши да се појави во јавност, а Анистон го носеше огромниот дијамантски прстен на левата рака. Уште не е јасно зошто таа до сега не го носеше вереничкиот прстен, иако Џастин го поставил судбоносното прашање уште на 10 август – неговиот 41-ви роденден.
Којзнае, можеби прстенот тогаш не бил подготвен, зашто е потребно време да се изработи олкав камен!? [It’s huge: Jennifer Aniston’s engagement ring revealed]