Англиска пита

Десерт со кој нема да погрешите. Класична слатка приказна сервирана во чинија.

Состојки:

За фил: 100 гр. млечно чоколадо, 100 г. чоколадо за готвење, ванилин шеќер, 3 лажички густин, 200 мл. слатка павлака, 2 јајца.

За тесто: 150 г. брашно, половина лажичка прашок за пециво, 50 г. шеќер, ванилин шеќер, 100 г. маргарин.

Подготовка: За филот – скршете ги на парчиња двете чоколада и топете ги на пареа заедно со ванилиниот шеќер. Густинот помешајте го со две лажици слатка павлака. Во чоколадото најпрвин сматете ја со миксер преостанатата слатка павлака и јајца, а потоа густинот. За тесто – помешајте ги брашното и прашокот за пециво, додадете ги останатите состојки и матете со миксер. Тестото ставете го на работната површина на која прво ќе посипете брашно. Повеќе од половина од тестото ставете го во кружен плех, направете дупчиња со вилушка. Преостанатото тесто ставете го на ивицата на кружниот плех така што да се добие висина од два сантиметри и печете го 12 минути на 180 степени. Филот ставете го на запечената кора, вратете во рерна и печете уште 30 минути.

Кога ќе биде готово одзгора посипете со шеќер во прав.

- Реклама -