Англија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство

Резултатот на крајот од регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, a откако ниту една екипа не постигна гол во двете продолженија, беа изведувани пенали

Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство откако на денешниот меч во четвртфиналето на пенали со 5:3 ја совлада Швајцарија.

Од натпреварот Англија-Швајцарија во четвртфиналето на ЕП 24 / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Резултатот на крајот од регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, a откако ниту една екипа не постигна гол во двете продолженија, беа изведувани пенали.

Последниот четвртфинален натпревар на ЕП 24 се одржува денеска од 21:00 часот меѓу Турција и Холандија.

Претходно во полуфиналето се пласираа селекциите на Шпанија и Франција.

- Реклама -